ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се степаа патник и возач на автобус на ЈСП – причината ќе...

Се степаа патник и возач на автобус на ЈСП – причината ќе ве остави без збор: И не е лага

184

До вербална, а подоцна и до физичка пресметка дојде откако еден од патниците реагираше до возачот поради тоа што светлечката ознака за бројот на автобусот не работеше, туку беше напишан на обичен лист хартија. Кога влезе во автобусот, патникот го искина листот на кој беше испишан бројот 7 што го означуваше бројот на автобусот.

Автобус на ЈСП со број 7 вечерва беше место на физичка пресметка меѓу возачот на автобусот и еден од патниците. Инцидентот се случи околу 17:15 часот, кога автобусот застана на постојката кај Трговскиот центар „Веро Џамбо“. До вербална расправија дојде откако еден од патниците реагираше до возачот поради тоа што светлечката ознака за бројот на автобусот не работеше, а бројот беше напишан на обичен лист хартија.

Кога влезе во автобусот, патникот го искина листот на кој беше испишан бројот 7.

Возачот го опомена дека тоа не е во ред и рече оти нема да вози поради таквото однесување.

„Уредно ви плаќам карта, а броевите не ви светат, треба да трчам и пред автобус да застанам за да видам кој број е“, рече патникот.

По кратката вербална расправија, надвор од автобусот почна и физичка пресметка помеѓу патникот и двајцата возачи на ЈСП, кои во тој момент беа во автобусот и си ја предаваа смената. Никој од нив не беше повреден.

За кратко тројцата повторно се качија во автобусот, а еден од возачите повика полиција.

Патниците, пак, кои во тој момент беа во автобусот, се симнаа на постојката, а за околу 10 минути на местото пристигнаа тројца полициски службеници.

Откако се направи краток разговор, патникот кој беше дел од физичката пресметка беше однесен во полициска станица, а од возачот на автобусот беа земени лични податоци.