ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР 43-годишен велешанец пронајден починат на паркинг во Скопје

43-годишен велешанец пронајден починат на паркинг во Скопје

312

Во центарот на Скопје е пронајдено тело на 43-годишен маж од Велес.

Полициските службеници од СВР Скопје биле известени за случајот вчера во 16:20 часот, кога телото било пронајдено на паркинг позади еден угостителски објект во централниот дел на градот.

„Иако на телото не се забележани видливи траги на насилство, точната причина за смртта ќе биде утврдена со обдукција, по наредба на јавен обвинител“, велат од полицијата.