ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Проданоски: Прилепска Пиварница – симбол на традиција, квалитет и визија за иднината

Проданоски: Прилепска Пиварница – симбол на традиција, квалитет и визија за иднината

5

Во чест на 100-годишниот јубилеј на Прилепска Пиварница, кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, ја истакна значајната улога на оваа компанија во развојот на градот и нејзиниот придонес во македонската економија и заедница.

Проданоски потенцира дека Прилепска Пиварница не е само еден од најпрепознатливите македонски брендови, туку и симбол на истрајност, вредности и општествена одговорност. „Сто години истрајност, труд и визија, компанија што со своето производство и посветеност ја заслужува секоја чест. Таа е доказ дека со работа и љубов кон тоа што го правиш, се создава успех што трае генерации,“ порача Проданоски.

Тој додаде дека ваквите компании се пример за тоа како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, создавајќи развој и просперитет за целата заедница. „Како идна локална самоуправа, ќе продолжиме заедно со вакви успешни компании да го развиваме Прилеп, да отвораме нови можности и да ја чуваме традицијата што нè прави препознатливи,“ истакна Проданоски.

Прилепска Пиварница, со вековна традиција, останува столб на локалната економија и гордост на граѓаните – пример како со визија и континуитет се гради бренд што ги надминува генерациите.