ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Димитриевска Кочоска од Вашингтон: Соработка меѓу Македонија и САД за посилна фискална...

Димитриевска Кочоска од Вашингтон: Соработка меѓу Македонија и САД за посилна фискална стабилност и транспарентност

16

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон оствари продуктивна средба со претставници на Трезорот на САД.

Таа истакна дека техничката поддршка што Македонија ја добива од САД е од суштинско значење за унапредување на буџетското планирање, зголемување на фискалната отчетност и транспарентноста во користењето на јавните средства, како и за засилување на борбата со сивата економија.

„Заедно градиме модерен и одржлив систем на јавни финансии“, порача министерката Димитриеска Кочоска, додавајќи дека соработката со американските институции претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалниот капацитет и подобрување на економското управување во земјата.