

„Јас немам зборови за да ви ја искажам благодарноста, едноставно се поклонувам пред вас, мои сограѓани. Вие сте причината поради која Кисела Вода денес е една од најубавите општини во Македонија“, изјави Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека со тимска работа и искрен пристап се постигнати видливи резултати.

Тој потсети на бројните реализирани проекти во општината – над 70 километри нови улици, пет новоизградени и пет проширени градинки, повеќе од 80.000 квадратни метри нови паркови и зелени површини, нови спортски сали, терени и детски катчиња, како и дигитализација и фотоволтаици во училиштата.
„Од општина заглавена во долгови и кредити, направивме финансиски стабилна општина која денес инвестира во народот. Тоа е доказ дека кога се работи чесно и од срце, резултатите се видливи за сите“, рече тој.

Ѓорѓиевски најави дека моделот на работа од Кисела Вода ќе го пренесе на целото Скопје, со нови инфраструктурни и еколошки проекти:
„Ќе го завршиме булеварот ‘Борис Трајковски’ до Драчево, ќе го решиме проблемот со Усјанскиот канал, ќе изградиме катна гаража на ‘Есенинова’, а во Расадник ќе никне најголемата Градска шума – мега парк во урбаниот дел на Скопје“, најави кандидатот.
Во своето обраќање, тој нагласи дека визијата е Скопје да стане поврзан, зелен и современ град со функционален сообраќај, чист воздух и ред во јавните претпријатија.
„Ова не е само битка за еден мандат, ова е битка за иднината на Скопје и за достоинството на сите скопјани“, порача Ѓорѓиевски, завршувајќи со зборовите:
„Да живее Кисела Вода, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее нашата горда и вечна Македонија!“






