ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ѓорѓиевски: Поддршката од спортските легенди е сила што инспирира

Ѓорѓиевски: Поддршката од спортските легенди е сила што инспирира

20

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва оствари средба со дел од македонските фудбалски репрезентативци — Александар Трајковски, Милан Ристовски, Виктор Серафимовски и Дамјан Шишковски.

Ѓорѓиевски истакна дека му претставува голема чест што добил поддршка од, како што рече, „вистински спортски херои кои со срце и посветеност ги бранат боите на Македонија“.

„Поддршката од најдобрите ми значи многу. Нивната верба е мотив плус да продолжиме уште посилно, со тимски дух и јасна цел – победа за подобро, модерно и достоинствено Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари на репрезентативците за поддршката и додаде дека спортскиот дух, посветеноста и заедништвото се вредности кои треба да се пренесат и во управувањето со градот.

„Продолжете да го радувате народот со вашите победи, ние ќе се бориме за победа во Скопје – победа на вредностите и напредокот,“ изјави Ѓорѓиевски.