ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонското друштво Илинден Тирана со остра осуда за убиството на судијата Астрит...

Македонското друштво Илинден Тирана со остра осуда за убиството на судијата Астрит Калаја

19

Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува чинот на убиство при вршење на службената должност на судијата Астрит Калаја.

Македонско друштво “Илинден“- Тирана најостро го осудува делото и авторот кој пукаше во Законот и неговиот спроведувач. Имотните и судските конфликти се решаваат преку закон, а не преку кривично самооправдување.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана изразува искрено сочувство до семејството Калаја за големата загуба и до колегите за празнината што ќе остане во нивните секојдневни активности и целиот правосуден систем за оваа тешка загуба, – стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден“-Тирана