ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Битола со срце – Коњановски на средба со лица од ранливи категории...

Битола со срце – Коњановски на средба со лица од ранливи категории граѓани

14

Градоначалникот на Битола и кандидат за нов мандат, Тони Коњановски, денес оствари искрена и значајна средба со лица со атипичен развој и граѓани од социјално загрозени категории.

На средбата, Коњановски разговараше со присутните за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието и ги слушна нивните предлози за подобрување на условите за живот и пристапност во општината.

> „Ги слушнав нивните приказни и предизвиците со кои се соочуваат, но и нивните идеи за подобра интеграција во заедницата. Само преку директна комуникација можеме да создадеме вистински решенија,“ изјави Коњановски.

Тој нагласи дека неговата мисија како градоначалник, но пред сè како човек, е да ја направи Битола град кој ќе нуди поддршка, почит и можности за сите свои граѓани.

> „Општината мора да биде место каде секој човек ќе се чувствува прифатен, поддржан и вреднуван. Тоа е мојата цел и обврска,“ порача Коњановски.

Средбата се одвиваше во пријателска и отворена атмосфера, со силен акцент на инклузија, емпатија и солидарност, вредности кои, според Коњановски, ќе останат темел на неговите идни проекти и политики во Битола.