ПОЧЕТНА Без категорија Орце Ѓорѓиевски со нов голем проект: Ја градиме иднината!

Орце Ѓорѓиевски со нов голем проект: Ја градиме иднината!

322

Општина Кисела Вода започна со реализација на значајна инвестиција во образованието – доградба на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. На површина од 500 м² ќе бидат изградени шест нови училници, распоредени на два ката, со што ќе се создадат подобри услови за учениците и наставниот кадар.

Оваа инвестиција е дел од програмата за воведување едносменско работење во сите основни училишта во општината. Паралелно со овој проект, се реализираат и доградбите на училиштата „Кирил Пејчиновиќ“ и „Кузман Шапкарев“.

Во моментов се гради и нова спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, како и спортска сала во „Кузман Јосифовски-Питу“ – прва од ваков вид во историјата на ова училиште. Овие инвестиции претставуваат уште еден јасен показател дека создавањето современи услови за образование и спорт е врвен приоритет на општината.

Покрај доградбата, во училиштето „Невена Георгиева-Дуња“ веќе е обезбеден целосно опремен кабинет по хемија и природни науки, како и модерна библиотека со читална и нов инвентар, што ќе овозможи интерактивно и квалитетно образование за новите генерации.

„Голема благодарност упатувам до министерката за образование Весна Јаневска за поддршката во реализацијата на овие проекти, а најголема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски, кој како никој досега покажа вистинска грижа за секоја сфера од општеството. Неговата поддршка значи развиени општини и силна Македонија. Продолжуваме посветено да го унапредуваме образованието, затоа што влогот во најмладите е влог во иднината,“ изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.