ПОЧЕТНА Без категорија Меџити на средба со жителите на Серава најави инвестиции што ќе го...

Меџити на средба со жителите на Серава најави инвестиции што ќе го трансформираат Чаир

29

Првиот вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, се сретна со жителите на Серава, каде што беа презентирани тековните и идните проекти за развој на ова населено место и целата општина.

На средбата, Меџити истакна дека се реализираат конкретни инвестиции кои директно ја подобруваат секојдневницата на граѓаните. „Во Серава и низ цел Чаир се реконструираат и уредуваат улиците, се модернизира водоводната и канализациската мрежа, се обновуваат плоштадите и јавните простори, се поставува ново улично осветлување и се создаваат нови паркинг капацитети,“ порача тој.

Посебен акцент стави на вложувањата во образованието, со реконструкција и изградба на училишта и детски градинки. „Затоа што развојот на Чаир започнува со грижата за децата и семејствата,“ додаде Меџити.

Жителите на Серава имаа можност да ги изнесат своите предлози и забелешки, а разговорот помина во, како што оценија од ВЛЕН, „отворена и конструктивна атмосфера“.

„Чаир што го градиме заедно е Чаир на развојот, сигурноста и достоинството што секое семејство го заслужува. Овој пат води кон стандарди на модерен град,“ порача Меџити, нагласувајќи дека промената што ја започнаа се чувствува секојдневно во секоја населба.