ПОЧЕТНА Без категорија Ристовски: Штип доби современ затворен базен – исполнето ветување кон граѓаните

Ристовски: Штип доби современ затворен базен – исполнето ветување кон граѓаните

36

Со свечено пуштање во употреба, денес Штип официјално доби современ затворен базен, проект чија изградба беше запрена повеќе години. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Наумче Мојсовски и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Инвестицијата за изградбата на базенот изнесува 46,7 милиони денари со ДДВ. Според најавите, новиот објект ќе овозможи подобри услови за спорт и рекреација на граѓаните, особено за младите, со цел развој на спортски дух и здрави генерации.

„Ветено – остварено. По базенот во Кисела Вода, сега и Штип добива современ спортски објект. Во следниот период ќе бидат финализирани и базените во Кичево, Битола и Ѓорче Петров,“ истакна министерот за спорт.

Со ова, спортската инфраструктура во земјата добива значајно зајакнување, а институциите најавуваат дека ќе продолжат со реализација на капитални проекти кои директно ќе придонесат за подобри услови за граѓаните.