ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Чекор напред: Македонија напредува на најновата ФИФА-листа

Чекор напред: Македонија напредува на најновата ФИФА-листа

216

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи значаен напредок на најновата ранг-листа на ФИФА, каде заедно со Курасао, Судан и Индонезија е меѓу селекциите со најголем скок.

По убедливата победа против Казахстан и ремито со Белгија, „црвено-жолтите“ напредуваа за четири позиции и во моментов се наоѓаат на 63. место со освоени 1.390,79 поени.

Овој напредок од 15 поени на табелата ја потврдува позитивната форма на избраниците на селекторот. Зад Македонија на листата се наоѓаат селекции како Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и други регионални ривали.