ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мајмунски сипаници во Македонија, властите велат да не се крева паника

Мајмунски сипаници во Македонија, властите велат да не се крева паника

212

Двајца мажи од 40 и 44 години од Скопје се пациентите кои се заразени со мајмунски сипаници. Според податоците од надлежните, двата случаи не се меѓусебно поврзани а ниту еден од пациентите не патувал надвор од државата во последниот период.

Директорката на институтот за јавно здравје, Марија Андоновска рече дека еден од пациентите е веќе хоспитализиран додека другиот пак се уште не се пријавил на клиника.

Марија Андоновска директорка на Институт за јавно здравје: По лабораториски потврдените резултати кај двајца пациенти ијз веднаш пристапи со известување на сите релевантини институции и во неполни 12 часа беа исконтактирани сите и беше напревано се. Сакам да упатам смирувачки тонови до јавноста иако се работи за инфективно заболувње иако за прв пат е потврдено кај нас сепак ова не е ново заболување.

Епидемиологот Драган Кочински пак, објасни дека пациентите се со полесна слика, а веќе се истражуваат нивните контакти со цел поголема превенција.

Драган Кочински епидемиолог: Пациентите се со полесна клиничка слика, едниот е хоспитализиран заради изолација. Во однос на контактите пациентите соработуваат, каје дниот имаме две фамилии кои се наведени како контакт а кај другиот имаме информации но не би сакал да коментирам сега.

Директорот на инфективната клиника Фадил Цана рече дека специфична терапија за ова заболување нема. Според него, има некои вирусни лекови кои се даваат само кај лабораториски потврдени пациенти.

Фадил Цана, директор на инфективна клиника: Специофична терапија за оваа болест нема, не кај нас туку ниакде. Се што ќе се каже спротивно може да нагаѓа. Гугл докторите не се веродостојни. Има некои вирусни лекови кои се давата кај тешки облици на мајмунска сипаници т.е кај пациенти кои се имуинокомпронтирани.

Од Институтот за јавно здравје информираа и дека примероците ќе бидат испратени и во лабораторија во Холандија со цел да се потврди подтипот на мајмунските сипаници.

Инаку, мајмунски сипаници се вирусна болест предизвикана од истоимен вирус, чии симптоми се слични како и за другите сипаници: температура, трески, главоболка, мускулни болки, болка во грбот, отечени лимфни јазли, замор, исип.