
Фудбалерите на Вардар издвојуваа победа над градскиот ривал Работнички во дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ се сосема поинаков тим од првиот дел од шампионатот и тоа најдобро на своја кожа го почувствуваа популарните „романтичари“ кои ги загубија двете битки во пролетната етапа. Во првата Вардар славеше со 2-0, додека денеска 1-0 со голот на Закариќ од пенал во второто полувреме.
На останатите три дуели немаше победник Шкупи и Тиквеш одиграа 1-1, исто како Струга и Брера, додека мрежите мируваа во Кратово на соочувањето меѓу Силекс и Пелистер.