ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Гостивар обезбеди опстанок, Шкупи оди во Втора лига

Гостивар обезбеди опстанок, Шкупи оди во Втора лига

13

Разрешени се сите дилеми во плејаут лигата од кошаркарскиот шампионат, откако Гостивар со денешниот триумф на гостувањето против Вардар и дефинитивно го избегна претпоследното место на табелата и обезбеди опстанок во елитното друштво.

Гостиварци одиграа одлична прва четвртина во која поведоа со 15-27 и го контролираа резултатот речиси до самиот крај. Вардар покажа карактер и израмни на 70-70 на две минути до крајот, но во нервозниот финиш подобро се снајдоа гостите, кои со три прецизно изведени слободни фрлања на крајот стигнаа до победата.

Митевски со 22 поени и 8 асистенции беше најзаслужен за оваа голема победа, Елис постигна 21 поен за Гостивар, додека најефикасни кај Вардар беа Бајрам со 17 и Марјановиќ со 13 поени.

Вардар со само една победа цела сезона (над Шкупи во плејаутот) од поодамна е испаднат од елитното друштво, а триумфот на Гостивар значи дека Шкупи е вториот клуб што летово ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување.