ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Уапсен маж кој со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак

Уапсен маж кој со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак

337

Попладнево непознат маж со нож се шеташе и закануваше по Широк Сокак во Битола.

Веднаш е пријавено во полиција од каде информираа дека лицето е приведено.

-Лицето е пронајдено и приведено, се врши спровод до ПСОН Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на оружјето и оштетениот, велат од МВР.