
Студентите од сите универзитети во Србија бараат распуштање на Народното собрание на Србија и распишување предвремени парламентарни избори, јавува „Нова.рс“.
Во објава на Инстаграм, студентите бараат итно распуштање на српското собрание и распишување предвремени парламентарни избори согласно член 109 од Уставот на Република Србија.
Тие ги повикаа и сите граѓани да ја поддржат листата на која студентите ќе ја пренесат довербата.
-Сметаме дека демократијата е единствениот правилен начин за решавање на политичка криза од вакви размери, затоа го повикуваме народот да ја поддржи листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја пренесат својата доверба, за да надвладее вистината на вагата на правдата, изјавија студентите.
Студентите исто така истакнаа дека се сведоци на една од пресвртните моменти во современата историја на Србија и дека тие како општествена група со најголема национална доверба преземаат одлучувачки чекор со нивното барање за распишување предвремени парламентарни избори.