ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нови пет пациенти повредени во пожарот во Пулс од Србија се враќаат...

Нови пет пациенти повредени во пожарот во Пулс од Србија се враќаат во скопските болници

25

Нови пет пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани по повеќе месец дена лекување во Клиничкиот центар во Србија се враќаат во скопските болници.

По протоколите тројца ќе бидат под опсервација на клиниката за пулмологија, пластична хиругитја и во хирушката клиника „Св. Наум Охридски“. Директорот на клиниката Св. Наум Охридски Небојша Настов објасни дека во болницата има четворица пациенти, кои се лекувале во странство.

Тие се со стабилно дишење во делот на изгорениците се уште се на преверски со висок степен на контрола од секундарни инфекции.

-Најчесто е важно движењето на рацете и прстите во првите денови од повредата. Оној дел што е изгорен, зависи и од степенот на изгорениците и лузната која останува. Но, со новата медицина има и голем напредок“, објасни д-р Небојша Настов директор на Хируршка клиника Св. „Наум Охридски“.

Настов објаснува дека се долг процес на лекување, здравствениот систем во Македонија ги врши сите потребни интервенциио, а се што ќе биде потребно за лекување надвор од земјата ќе биде реализирано. За него во процесот на лекувањето највестла точка е кога пациентите доаѓаат на контрола но и да го поздрават тимот што ги лекувал.

„Многу се подобри во делот на психичкото здравје доаѓаат разговараме, но и за психичките лузни ќе треба време. Навистина верувам дека и тимовите за психолошка состојба помагаат и секој кој има проблем треба да се обрати“, изјави д-р д-р Небојша Настов директор на Хируршка клиника Св. „Наум Охридски“.

Во странските медицински центри остануваат на лекување 38 пациенти. Еден се уште е во критична состојба. 62-ца го загубија животот во пожарот во Кочани, а близу 200 беа повредени.