ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешко повредени двајца возачи , излетале со автомобили од пат

Тешко повредени двајца возачи , излетале со автомобили од пат

1807

Тешко повредени се двајца возачи во две одвоени сообраќајни несреќи откако со возилата излетале од пат.

Околу 20 минути по полноќ, 51 годишниот скопјанец А.Н. излетал со возилото „цитроен берлинго“ од магистралниот пат Охрид – село Подмоље.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Втората несреќа се случила вчера околу 21 часот на локалниот пат с.Боговиње-с.Пирок кога автомобил „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од В.А.(56) од Гостивар, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Полициски екипи во двата случаи извршиле увид на местото на несреќите.