ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АВМУ ќе донира 1.500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

АВМУ ќе донира 1.500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

29

Во врска со трагичниот пожар во Кочани, на денешната седница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација во вкупен износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари.

Донацијата се издвојува од финансиските средства на Агенцијата за 2025 година, а ќе се спроведе преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност.