ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тошковски потврди дека градоначалникот Папазов е пуштен на слобода и повика на...

Тошковски потврди дека градоначалникот Папазов е пуштен на слобода и повика на разум

2086

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прашањето дали некој актуелен функционер ќе понесе одговорност за трагедијата во Кочани и конкретно дали oслободен градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов одговори дека Папазов е на слобода.

-Да точно е во текот на денешниот ден имавме разговор и со градоначалникот кој што е во оставка и да точно е дека се превземаат дејствија од аспект на целосно утврдување на фактичката состојба која што е поврзано со предметниот кривично правен настан. Го разбирам гневот на секој еден Македонец, го разбирам очајот, разочараноста и сета онаа болка на секој еден македонски граѓани кој што ја има. И јас ја имам. Но мораме да сме разумни, мораме да работиме согласно Закон, мораме да превземаме дејствија кој што ќе не доведат до правда. Преку неправда никој не можете да стигнете до правда.