
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објавни нови детали околу трагедијата во Кочани. Тој кажа дека има осомничени лица, имало приведувања, но и дека дел од осомничените биле починати.
-Министерството за внатрешни работи во коррдинација со јавното обинтиелство, до овој момент, во врска со овој кривично-правен настан, има осомничено, повеќе од 20-тина лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој насан се почанти согласно сомненијата кои ги имаме досега, од аспект на осомничени, дел се во болница. Четири лица имаме момнетално обезбедено во болница.
Два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице која што ја менаџирало дискотиката. Дел од приведените лица, коишто моментално се во полициска станица, се луѓе кои имаат директна вина со овој настан согласно доказите собрани, односно приведено едно лице коешто е организатор на настанот и за коешто имаме сомнение дека еден од оние кои имаат дирекнта вина за овој настан. Исто така приведени се, поранешен државен секретар на министерство за економија, поранешен/сегашен раководител на еден сектор во рамки на министерство за економја, приведен е пораншен директор на дирекција и спасување и тројца вработени во рамките на дирекцијата. Дел од приведените кои се во Кочани, се луѓе кои биле организатори на самиот настан, дел биле вклуени во обезбедување, а дел во други активности кои се случувале вечерта. Разговор од страна на полициските службеници, со очевидци на настанот е извршен со повеќе од 25 лица и се продолжува со собирање на докази за самиот настан. Легална лицеца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца како и многу други работи во минатото во Македонија е е поврзана со мито и корупција.
Сакам да и напоменам на македонската јавност, за разлика од претходно, во овој случај имаат име и презиме оние кои се одгооври за издавање на лиценцата и ќе одговараат. Досега се утврдени повеќе од 20 повредени малолетни лица и ти починати малолетни лица. Во дискотеката имао околу 500-тина лица. Некаде околу 250 карти се продадени согласни информациите. Имињата на починатите, по завршувањето ќе бидат доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична сосотјба имаме 22 лица и дел од овие лица ќе бидат пренесени во Труција, Бугарија, Грција и истите ќе им биде даден соодветен третман за лекување. Денес Македонија плаче, ама одговорност ќе има. За секој еден од корумпираните неодговнорите и секој еден којшто има директна или посредно влијание за настанување на овој кривично правен настан. Овие ифнормации се за досега утврдената ситуација согласно доказите. Кај мене имам две издадени дозволи за работа, и двете се фалсификувани, рече Панче Тошковски на прес конференцијата.