
Повеќе оддели на МВР се ангажирани во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Распишана е централна потерница по четири лица, се обезбедува документација за дискотеката и лицата поврзани со неа, открива Тошковски.
Животот го загуби и полициски службеник од ПС Пробиштип, кој бил на работа, постапувал по претходно изготвен план за контрола дали во локалот има малолетници или наркотични средства.
Тошковски не открива повеќе информации ниту за лиценците на дискотеката.