
Со фотографии и оставени телефонски броеви, во очај и тага роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии се објавуваат по социјалните мрежи со надеж дека некој ќе им јави во која болница се и дали се живи.
Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба.
Како што објавивме, десетици жртви имаво големиот пожар што избувнал ноќеска околу 3 часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во дискотеката се одржувал концерт на македонскаta група ДНК на кој присуствувале 1.500 посетители. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе е таму, а на пат за Кочани тргна и премиерот Христијан Мицкоски.