ПОЧЕТНА СВЕТ Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за...

Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина

309

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во денешниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста од брзо завршување на војната во Украина и изрази подготвеност да придонесе за нормализирање на односите меѓу Русија и САД, соопшти Кремљ.

Бин Салман ја истакна важноста од наскоро склучување договор за прекин на огнот во Украина, а Путин ги пофали посредничките напори на Ријад, каде минатиот месец се одржаа руско-американски разговори на високо ниво.

Се додава дека лидерите разговарале и за „актуелните прашања на руско-саудиската соработка во рамките на ОПЕК+“ и ја истакнале важноста на овој формат за обезбедување стабилност на нафтениот пазар и нивната посветеност на обврските преземени во рамките на ОПЕК+.

По состанокот во Ријад во средината на февруари, Русија и САД се договорија да создадат услови за целосно продолжување на билатералната соработка, да ги отстранат ограничувањата за работата на амбасадите и да започнат процес за решавање на ситуацијата во Украина.

Во Џеда, Украина и САД во вторникот предложија 30-дневен прекин на огнот, со кој Путин рече дека начелно се согласува, но дека „има нијанси“.