ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пратениците ја изгласаа интерпелацијата за Весна Дамева

Пратениците ја изгласаа интерпелацијата за Весна Дамева

1091

Пратениците попладнево ја изгласаа интерпелацијата на Весна Дамева, член на Судскиот совет.

За интерпелацијата гласаа вкупно 77 пратеници. Предлогот беше инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство и поднесен од Антонио Милошоски.

Дамева претходно изјави дека нема намера да поднесе оставка, а воедно обвини за притисоци и закани поврзани со нејзината работа во Судскиот совет.

Разрешувањето на Дамева доаѓа во време на зголемени политички тензии околу правосудниот систем, а опозицијата ја критикуваше интерпелацијата како неуставна и како преседан кој може да влијае врз независноста на судството.