ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вонредна вест од Саудиска Арабија: Украина се согласи – прекин на огнот...

Вонредна вест од Саудиска Арабија: Украина се согласи – прекин на огнот за 30 дена

3254

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат паузата во размената на разузнавачки информации и ќе продолжат со испраќање воена помош за Украина.

Киев, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој може да се продолжи со заеднички договор на страните, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.

-САД ќе и пренесат на Русија дека реципроцитетот е клучот за постигнување мир, се вели во соопштението. Средбата меѓу американските и украинските претставници траеше повеќе од осум часа во саудиското пристаниште Џеда.