ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

14

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.

–Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето, информираа од Министерството за внатрешни работи.