ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Докторот на Барса бил на доручек со тимот, го прегледал Левандовски, па...

Докторот на Барса бил на доручек со тимот, го прегледал Левандовски, па починал при попладневната дремка

1962

Соблекувалната на Барселона била во шок кога дознала за смртта на докторот Карлес Мињаро со оглед на тоа дека утрото тој бил со нив на доручек, а кратко потоа го прегледал и Роберт Левандовски.

Натпреварот помеѓу Барселона и Ла Лива синоќа бише одложен непосредно пред почетокот поради смртта на докторот Карлес Мињаро.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, претседателот Жоан Лапорта се симнал во соблекувалната за да извести за трагичниот настан, фудбалерите биле во шок, а капитените побарале да не се игра фудбал.

Како дел од персоналот, Карлес Мињаро бил дел од редовниот карантин на Барселона во пресрет на секој натпревар, престојувал во хотелот и утрото бил на доручек со тимот.

Тој потоа го прегледал Роберт Левандовски и дал препорака напаѓачот да одмори против Осасуна.

Карлес Мињаро починал неколку часа подоцна, за време на попладневната дремка.