ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Приватниот авион го плативме 2,6 милиони денари

Мицкоски: Приватниот авион го плативме 2,6 милиони денари

1613

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека закупот на авионот за лет од Истанбул до Скопје и Будимпешта а потоа повторно назад до Скопје бил платен 2,4 милиони денари.

– Фактурата за 60 билети е 2,6 милиони денари, не е 12 милиони денари. Околу 700 евра по билет за сите луѓе кои беа од делегацијата и која е за 30 проценти помалку кога би оделе по линијата Скопје Виена Будимпешта или Скопје Истанбул Будимпешта Скопје. Од двете дестинации бевме одбиени за групна карта која беше за 30 отсто поскапа. Ќе биде изложена пред јавноста, рече Мицкоски.

Премиерот за набавките на луксузни прехранбени продукти од Службата за општи и заеднички работи даде циничен одговор дека владините функционери во наредниот период ќе јадат помалку за време на постите.

– Набавени се 600 килограми банани, јас не јадам банани, но ќе проверам дали е така. Но ако е целта ако може на воздух да се живее, сега за постите внимаваме,јас постам, конкретно за постите од исламска и христијанска вероисповест, сите постат и ќе внимаваме и ќе ја сведеме таа можност на нула, кажа Мицкоски.