
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.И.(34) и А.А.(38), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопшти МВР.
„На 05.11.2024, пријавените се обиделе со употреба на сила да влезат во канцеларијата на градоначалникот на Тетово и упатувале закани кон двајца вработени“, велат од полицијата.