
24-годишно момче од Куманово вчера починало на скопските клиники, а според полицијата, младиот кумановец се лечел таму десетина дена. Телото е предадено на обдукција, која треба да ја открие причината за смртта, велат од МВР.
-На 03.03.2025 во 13:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ починал Т.К.(24) од Куманово. Според пријавеното, тој бил хоспитализиран на 24.02.2025 поради влошена здравствена состојба. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, пишува во полицискиот билтен.