ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Томовски свртен со грб му фати зицер на бекот на Магдебург (ВИДЕО)

Томовски свртен со грб му фати зицер на бекот на Магдебург (ВИДЕО)

40

Македонскиот голман, Мартин Томовски имаше извонредна партија против поранешниот европски шампион Магдебург во Бундеслигата и беше најзаслужен што Потсдам не претрпе уште потежок пораз.

Аутсајдерот загуби со 25:15, но таа негатива можеше да биде далеку поголема ако се земе предвид дека Томовски забележа фантастични 18 интервенции или поточно имаше 43.9 проценти на одбранети удари.

Една негова одбрана беше навистина луда и ретко се гледа на терените, имаше и среќа, но тоа нема да ја намали „магијата“ во оваа ситуација.

Домаќините тргнаа во нападот, голот на противникот беше празен, Томовски брзаше да стигне и некако успеа притоа со грб бранејќи му зицер на бекот Антонио Серадилја Куенка.