ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маск: Америка треба да се повлече од НАТО и ОН

Маск: Америка треба да се повлече од НАТО и ОН

65

Милионерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации и НАТО.

Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на Икс кој напишал дека е време да се напуштат ОН и НАТО.

Маск одговорил кратко и јасно.

-Се согласувам, ркеол Маск.

Оваа објава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот. Трамп и претходно најави и презеде одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантскиот сојуз и мултилатерализмот не му значат многу.

Администрацијата на Трамп наместо тоа се фокусира на билатералните односи, на затоплување на односите со Русија, а потоа сака да го пренасочи својот фокус на ривалството со Кина. Но, напуштањето на ОН би било потег без преседан со несогледливи последици за меѓународниот поредок.