ПОЧЕТНА СВЕТ Еве каде ќе биде погребан Саша Поповиќ: Не е Алејата на заслужните...

Еве каде ќе биде погребан Саша Поповиќ: Не е Алејата на заслужните граѓани, ова му била последна желба

19679

Погребот на креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, ќе биде извршен в четврток на 6 март на гробиштата Бежанијска во Белград.

Како што дознава српски „Блиц“, Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани.

– Саша не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани. Го зедоа семејниот гроб. Сакаше еден ден и Сузана да биде покрај него, а неговото семејство ги испочитува неговите желби. Погребот ќе биде в четврток на Бежанијските гробишта – рекол извор близок до семејството.

Да потсетиме, семејството цело време беше со Саша и беше негова најголема поддршка во борбата за излекување од тешката болест. Тој кратко време боледуваше од рак, а за дијагнозата дознал сосема случајно, откако ја скршил ногата.

Поповиќ со месеци се лекуваше помеѓу Белград и Париз, а лекарите го лекуваа со најсовремени методи, пишува „Блиц“.