ПОЧЕТНА СВЕТ Двегодишната Дуња исчезна во Србија, активиран системот „Пронајди ме“

Двегодишната Дуња исчезна во Србија, активиран системот „Пронајди ме“

30

Системот „Пронајди ме“ е активиран вечерва во Србија поради исчезнувањето на двегодишното девојче Дуња Марковиќ.

Според веб-страницата „Пронајди ме“, двегодишно девојче исчезнало денеска околу 14 часот пред зградата во која живее во градот Уб (западна Србија), на улица 8. Март бр.6.

Според првичните информации, девојчето пред да исчезне си играло со двајцата постари браќа во песок во близина на нејзината куќа.

Се огласи и семејството на девојчето.

-Сите сме во шок, штом дознавме за исчезнувањето дојдовме кај нив. Засега не знам како исчезна Дуња, не знаеме ни дали е киднапирана или не дај Боже убиена, вели вујната на Дуња.

Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри.

Во моментот на нејзиното исчезнување, таа носела сива тренерка и дуксер.

-Доколку имате информации за исчезнатото девојче, веднаш јавете се на 192, апелираат од српското МВР.