ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Општина Карпош договори бесплатен преглед на дојки за девојки од 20 до...

Општина Карпош договори бесплатен преглед на дојки за девојки од 20 до 30 години

174

Во насока на подигнување на свеста кај младата популација за важноста на превентивните прегледи и грижата за здравјето на жените, Општина Карпош во соработка со ПЗУ „Св. Алексеј“ овозможува бесплатен медицински преглед на дојки, за девојки на возраст од 20 до 30 години кои се жителки на оваа скопска општина.

Заинтересираните карпошанки можат да добијат повеќе информации и да го закажат бесплатниот преглед започнувајќи од понеделник , 3 март, на телефонскиот број 071 243 400.

Приватната здравствена установа за гинекологија и акушерство „Св. Алексеј“ каде ќе се вршат бесплатните прегледи, функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт.

-Општината која воедно е и правата локална самоуправа која презема ваква иницијатива, издвои од својот Буџет финансиски средства во висина од 200.000 денари. Станува збор за акција која се реализира како дел од Програмата на Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година, како проектна активност за превенција и поддршка на женското здравје, соопштија од Карпош.