ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Автомобил со скопски таблички влета под приколка на камион во Србија...

(ВИДЕО) Автомобил со скопски таблички влета под приколка на камион во Србија – страшна несреќа

711

Тешка сообраќајка несреќа се случи вечерва кај српското село Марковац на пат од Ниш кон Белград, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила кога автомобил удрил во камион.

Како што може да се види на објавеното видео, автомобилот влезе под приколка на камион, а во моментов сè уште нема информации за состојбата на учесниците во оваа несреќа.

Нема повеќе детали за несреќата и не е познато колку луѓе биле во автомобилот и нивната состојба.

Детали се чекаат од српското МВР.