ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фестим Халили и Коста Петров поранешни директори на Фондот за иновации, добија...

Фестим Халили и Коста Петров поранешни директори на Фондот за иновации, добија кривични пријави против

349

Против двајца поранешни директори на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили и Коста Петров, се поднесени кривични пријави. Во првиот случај, се работи за проект наречен „Грин Хојо“, кофинансиран од Фондот, кој бил за собирање податоци преку IoT-уреди за да се искористи решението за паметен дом за да се направи енергетски поефикасна канцеларија/куќа/стан.

Постои основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“ од поранешниот директор Халили. Иако корисникот не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За фирмата „Хојо тек“ и одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“.

Од ревизијата на работата на ФИТР произлегла уште една кривична пријава, исто така против поранешен директор на Фондот – Коста Петров. Во овој случај се работи за проект на „Фротирка“ од Делчево финансиран од ФИТР, кој не бил завршен, а бил исплатен, при што Петров наводно не реагирал соодветно.

Раководните лица биле предупредени од ревизорската куќа „Грант Торнтон“ дека „Фротирка“ не постапува согласно договорните услови, односно не доставила извештаи до ФИТР. Ревизорите подоцна биле и во посета на делчевската фабрика и констатирале дека извршниот директор ја одлагал посетата. Потоа било утврдено дека „Фротирка“ требало да набави шест нови машини, а во моментот на теренската посета, набавена била само една, пишува „МКД.мк“.