ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Има најава за голема бројка: Попладнево ќе се протестира во Скопје за...

Има најава за голема бројка: Попладнево ќе се протестира во Скопје за чист воздух

33

Ќе излезат ли денеска скопјани да протестираат против аерозагадувањето кое секојдневно ги гуши?

Во организација на иницијативата Зелен Хуман Град денеска, со почеток во 16:00 часот почнува протестниот марш за чист воздух. Ќе почне со протестирање од Министерство за животна средина, преку Собрание и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

– Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови, се наведува во повиокот од ЗХГ.

– Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во Македонија е поврзан со загадениот воздух! Загадувањето во Скопје и другите градови во Македонија со години е проблем на сите жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем, додаваат оттаму и бараат надлежните институции да преземат итни и среднорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.

Сѐ што треба е само да дојдете и да застанеме рамо до рамо за чист воздух! Скопје мора да дише! Македонија мора да дише! Се гледаме на улица! – е вели во повиокот за приклучување кон маршот.