ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Несреќа во Чаир: Работник загина откако врз него паднал бетонски столб

Несреќа во Чаир: Работник загина откако врз него паднал бетонски столб

76

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера, околу 18 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, за време на извршување градежни работи, врз 54-годишниот Ј.И. од Скопје паднал бетонски столб.

По несреќата, Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде лекарите ја констатирале неговата смрт. Полициски тим од СВР Скопје извршил увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.