ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Крајната десница во Австрија пред историска прва победа на изборите во земјата

Крајната десница во Австрија пред историска прва победа на изборите во земјата

24

Австриската крајно десничарска Партија на слободата се наоѓа пред прв, историски триумф на парламентарните избори во земјата, покажуваат проекциите по денешното гласање.

Според нив, Партијата на слободата и нејзиниот лидер Херберт Кикл се очекува да освојат 29,2 проценти од гласовите, три повеќе Народната партија која би требало да добие 26,2.

И покрај очекуваната победа, Партијата на слободата е далеку од потребното мнозинство за да формира влада. Од четирите партии кои по нив, три веднаш отфрлија било каква можност да коалицираат со нив. Единствена шанса за каолицирање имаат со второпласираната Народна партија, чиј услов е Кикл да не биде канцелар на идната влада.

Кикл, чие главно ветување на овие избори беше создавањето на „Тврдината Австрија“, „деемиграција на непоканетите странци“ и создавање на похомогена нација, со кои на Австријците ќе им ја обнови безбедноста, мирот и просперитетот, како е контроверзна фигура на австриската политичка сцена. Кикл досега јавни никогаш не ја осудил руската инвазија на Украина, туку напротив, се противи на санкциите против Москва.

Проектираната победа на австриските крајно десничари е последната во низата успеси на екстремната десница во Европа, која започна со триумфот на Мелони во Италија, преку третото место на Националниот фронт и Марин Ле Пен во Франција, до подемот на Алтернатива за Германија која шокираше со добриот резултат на локалните избори во Туригнија и Саксонија.