ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Фатен крадец од Прилеп, украденото е вратено на сопственикот

Фатен крадец од Прилеп, украденото е вратено на сопственикот

37

Полицијата денеска лишила од слобода прилепчанец осомничен за кражба.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, денеска во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба.

Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.

С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.