ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Николоски: Душмански е јас да го прекинам договорот со „Бехтел и Енка“,...

Николоски: Душмански е јас да го прекинам договорот со „Бехтел и Енка“, Владата на СДСМ и ДУИ веќе им исплати 240 милиони евра

326

Декласифицирање на договорот со „Бехтел и Енка“ и барање да изградат што е можно повеќе километри автопат е планот на новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски за најскапата зделка на претходната Влада. Николоски вели дека нема да го раскине договорот иако со месеци, како опозиционер, алармираше дека е коруптивен. Сега вели дека Обвинителството е на потег за сомнежите за корупција, а нему како министер главна битка во годините што следуваат ќе му биде државата да добие што е можно повеќе километри автопат во рамките на истата финансиска сума.

-Јавноста треба да знае дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ веќе има исплатено 240 милиони евра за буквално ништо, односно за таканаречени подготвителни работи, односно работи кои што не ги гледаме. Мислам дека ќе биде недомаќински однос кон македонскиот буџет, ако сакате и душмански, јас сега да го прекинам договорот, а тие средства да се веќе кај изведувачот и нормално не може да се вратат. Изведувачот може и да тужи и да побара арбитража, да платиме уште толку и да отидат половина милијарда средства на македонските граѓани, а да немаме ни километар автопат. Тоа што мислам дека е правилен пристап е да се бориме со нив да добиеме што повеќе километри автопат што побрзо“, рече министерот Николоски.

Тој очекува обвинувањата за криминал поврзан со договорот да ги испита Обвинителството.

Државниот завод за ревизија има извештај, направен пред јас да станам министер така што мислам дека таму има се. Сега треба Обвинителството да си го разгледа“, вели Николоски.

Од барањето за декласификација на договорот нема да се откаже оти смета дека нашите закони јасно кажуваат што може да се класифицира како државна тајна. Веќе имал средби со претставници на конзорциумот и им кажал дека ќе бара декласиикација. Извести дека тоа е можно само доколку двете страни го одобрат оти така бил склучен договорот па очекува „Бехтел и Енка“ да се согласат договорот да биде јавен.