ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УЖАС: Излета автобус на ЈСП, повредени три жени кај Мавровка

УЖАС: Излета автобус на ЈСП, повредени три жени кај Мавровка

160

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП излета од коловозот.

Од Итната медицинска помош изјавија дека пренеле три жени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.