ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пациент од Струмица каснат од пајак ,,црна вдовица“

Пациент од Струмица каснат од пајак ,,црна вдовица“

187

Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев на социјалните мрежи упатува совети и предупредувања до граѓаните, откако временските услови многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни.

-Во Текот На Викендот На Универзитетската Клиника За Токсиколгија Е Примен Пациент Во Исклучително Тешка Општа Состојба Заради Каснување Од Инсект Кој Според Информациите Од Дежурниот Доктор Од Општата Болница Во Струмица И Кажувањето На Пациентот Бил Црн Инсект Кој Личел На Пајак. Според Клиничката Слика И Клиничките Манифестации Пациентот Е Каснат Од Пајак ,,Црна Вдовица“ ( Latrodectus), Инсект Чие Каснување Може Сериозно Да Го Загрози Здравјето И Животот, Информира Директорот На Токсикологија.

По пружената соодветна итна помош во Општа болница во Струмица и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со дежурниот доктор, пациентот бил итно транспортиран во Клиниката за токсикологија.