ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Земјотрес во Охрид – ова се деталите

Земјотрес во Охрид – ова се деталите

1575

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес со сила од 3,6 степени според Рихтер, чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 7.07.2024 година во 14 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 125 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија.