ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА По убиството во Тетово, објавен е распис за апсење на осомничениот

По убиството во Тетово, објавен е распис за апсење на осомничениот

107

Ново убиство во Македонија. 39 годишно лице застрелано додека со автомобилот се возело по тетовските улици. Нападот се случил синоќа околу 20 часот и 30 минути, кога во СВР Тетово пристигнало известување дека имало престрелка..Од МВР потврдуваат дека имаат информации за можниот сторител и веќе е издадена потерница по едно лице за кое постои сомневање дека го извршил убиството.

„Во 20:35 часот, во секторот за внатрешни работи Тетово, е пријавено дека на улица Штипска, едно лице кое било со возило марка Мерцедес пукало кон возилот БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т (39) од Тетово, кое од добиените повреди починало на лице место“, вели Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

На местото на нападот излегло и јавното обвинителство…По извршениот увид, издадена е наредба за обезбедување на снимки и вештачење на возилото.

„Извршен е увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење“, информираат од Јавно обвинителство.

Неофицијално, инцидентот е продолжение на пресметката меѓу две тетовски семејства…Пред неколку месеци, по одржување на судско рочиште, членовите на овие две семејства учествувале во меѓусебна тепачка, која неколку часа подоцна продолжила со пукање пред клиничката болница во тетово. Тогаш две лица беа тешко ранети од огнено оружје и подоцна починаа..

За неполна недела, ова е второ убиство во македонија извршено на сличен начин..Во понеделникот, нешто по 9 часот наутро, во скопско батинци, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон автомобил од марката „форд“, во кој се превезувале двајца браќа , жители на село Црн врв…34 годишниот Абдуљ Басри Ибраимовски починал на лице место, додека пак 31 годишниот Зејнељ Ибраимовски, заврши во Ургентениот центар…Неофицијално, убиениот се поврзува со напаѓачот познат во подземјето како Мали Репки или Зулќуфли Нуредини.