ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Делегација предводена од Мицкоски патува во САД на самитот на НАТО

Делегација предводена од Мицкоски патува во САД на самитот на НАТО

89

Делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за Соединетите Американски Држави (САД) каде што ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон по повод 75-години од формирањето на Алијансата.

Информацијата ја објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е дел од делегацијата. Во видеообраќањето на Фејсбук, Муцунски порача оти самитот е одлична прилика за да се демострира единството на сите сојузници и заемни заложби за унапредување на трансатланската соработка.

„Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2 отсто од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина“, рече Муцунски во видеообраќањето.