ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Маж објавувал фотографии од женско лице и промовирал омраза и насилство

Маж објавувал фотографии од женско лице и промовирал омраза и насилство

200

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.П.(31) од с.Смојмирово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

– Пријавениот, на 08.03.2024 на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице и промовирал омраза, дискриминација и насилство против неа, соопштуваат од МВР.